Таткото на Вилијам Михајловски- Гајда, чичко Милчо, преку социјалните мрежи упати своја исповед и сведоштво во врска со затварањето на неговиот син за настаните на 27 април во Македонскиот парламент.
Вилијам Михајловски- наречен Вили Гајда уште од најрана возраст пројавил голема љубов кон музиката особено онаа традиционалната.
Голем дел од своето детство го поминал кај своите баба и дедо од каде најверојатно му е вродена љубовта кон традицијата.
Роден е на 09.09.1988 во Куманово. Потекнува од скромно работничко семејство.
Кога ги совладал техниките на музицирање со својата гајда има настапувано со најголемите музички ѕвезди од фолк естрадата.
За чичко Милчо Вили не е терорист, туку млад човек кој неизмерно си ја сака татковината.
Патриот!
Чичко Милчо во ова свое потресно сведоштво раскажува за својот син, за неговата љубов кон традицијата и татковината, како и за пресудата на судските власти со која тие го прогласина Вилијам за терорист иако тој не убил никого.
Во продолжение го пренесуваме исказот на таткото на Вилијам, чичко Милчо:
Мојот син Вили Гајда е осуден за настаните од 27 април 2017 година на 14 годишна затворска казна. Уште од мало дете се запиша во музичко училиште и можам да кажам дека стана професионален музичар.
Остана сам без мајка, уште на 12 годишна возраст сам го чував, го воспитував. Тој си ја сакаше својата мајка исто како нашата мајка Македонија. Секогаш велеше мајка ми ме гледа од небото. На 27 април замина за Скопје, влезе во собранието и се случи тоа што се случи. Го направија терорист без потреба. Тој за мене не е терорист, тој за мене е патриота што секогаш си ја сака државата. Тој до сега немал никакви проблеми со власта, од премногу што ја сака Македонија тоа му се случи. Човекот ни крив ни должен го осудија. Многу ми е тешко без него, живеам така секоја ноќ, мислам дека ќе дојде ама се уште го нема.
Правдата можеби касни, но верувам дека ќе дојде. Тој беше познат како Вили гајда, одеше по фестивали, свиреше македонски песни заедно со Сузана Спасовска, Гоце Арнаудов, Круме Спасовски и многу други. Има добиено многу признаници од фестивали, и затоа не може тој да биде терорист затоа што ја сака државата.
Тоа му го наместија, нека им служи на чест.
-вели чичко Милчо.

За мене не бил и никогаш нема да биде терорист. Јас не можам ова да го исправам, така решиле.
Тој не беше член ни на една политичка партија во Македонија, ниту на СДСМ, ни ВМРО ДПМНЕ, ниту на ЛДП. Тој само беше патриот кој си ја сакаше државата. Ниту има некого убиено, а го направија терорист, нешто не е јасно или пак јас не разбирам.
Секоја чест на сите што ми помогнаа, имам и финансиска помош од многу луѓе. Им благодарам на сите за убавите зборови.
Голем поздрав до сите Македонци.
Ја сакам МАКЕДОНИЈА!
-завршува во своето сведоштво таткото на Вили Гајда Михајловски.
Кога синот единец кој ќе го одраснеш сам од 12 годишна возраст,неправедно ќе ти го осудат на четрнаесет години затвор,во цутот на младоста и зенитот на кариерата во која братот Вили Гајда Михајловски многу има вложено тогаш тешко се збори!
Но чичко Милчо собра сила!
Тато мајка ми ме чува од небото а на земјата моја Мајка е Македонија кажува чичко Милчо!
Погледајте го обраќањето до вас Браќа и Сестри!
-стои во видеото објавено на социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење