БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денот на албанската азбука Заев порача: наша должност и одговорност е да ги почитуваме, чуваме и негуваме разликите на секоја заедница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Зоран Заев присуствуваше на манифестацијата за одбележување на денот на албанската азбука.

По тој повод на социјалните мрежи тој упати кратки пораки во однос на значењето на овој ден.

На Денот на албанската азбука сакам да порачам дека наша должност и одговорност е да ги почитуваме, чуваме и негуваме разликите на секоја заедница, да имаме комуникација, разбирање и толеранција. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво.

-напиша тој на твитер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерното-формираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство.

Сакам да порачам дека наша должност и одговорност не е само да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави комуникација, разбирање, толеранција и заедништво.

-напиша Зоран Заев и на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace