БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владо Јовановски ја почитува искрената изјава на Стево Пендаровски дека би се иселил од Македонија ако не бил претседател

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Никола Тесла, во последното време од својот живот престојувал во хотел.
Додека неговиот генијален ум, се занимавал со физичкото и метафизичкото, нај често ги хранел гулабите.

Директорот на хотелот дошол и му рекол…

Господине Тесла, гостите на хотелов се жалат, зашто ги храните гулабите, им прават врева и не поднослива бука,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Има ли некакво решение за овој проблем?

Има, рекол Тесла,

Да се иселат гостите!

ГЕНИЈ!

Арно ама, во нашиов случај,
јас се прашувам…

Што се’ треба да се направи, за да ги спречиме луѓето да се иселуваат од Македонија?

И уште нешто…

До кога, ние Македонците ќе живееме од парите што ни ги праќаат нашите иселеници?

Кога сите би се иселиле од овде…

Кој ќе работи и ќе ги полни фондовите, за да се хранат пензионерите, не вработените, луѓето со посебни потреби ..и.т.н. и.т.н…

Многу прашања, малку одговори.

За гулабите не се секирам, ни ораат ни копаат, а Господ си ги храни.

П:С

Јас ја почитувам искрената изјава на претседателот на Република ” Македонија ” господинот Стево Пендаровси,
дека…” Kога не би бил претседател би се иселил од Македонија”…

Навистина, веќе одамна е не возможно да се живее овде…

Но тоа не е решение.

-Фејсбук статус на актерот Владо Јовановски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace