БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Николоски од Лајпциг: ВМРО-ДПМНЕ има силна меѓународна поддршка

Пренеси го гласот

Интензивната меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ ги афирмира интересите на Македонските граѓани на највисоко политичко ниво во Европа.

По конгресот на ЕПП во Загреб каде што највисоките партиски претставници на ВМРО-ДПМНЕ зедоа забележително учество, веќе втор ден партиски претставници повторно на највисоко ниво е дел од Конгресот на христијанско-демократската унија во Лајпциг.

Притоа од партијата соопштија дека во рамки на писетата имаат интензивни средби со претставници од ЦДУ, владеачката партија во  Германија којашто 15 години успешно ја води Германија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за јавноста ги истакна придобивките од ваквите средби за Македонија и Македонските граѓани:

-Разговараме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, разговараме за промените коишто треба да се случат во Македонија, разговараме за сите штетни политики коишто ги направи владата на Заев, ги информираме за криминалот и корупцијата на Заев, за обидот да шират лажни вести и паниката којашто ги снајде. Ги информираме за подготовката за предвремените парламентарни избори коишто треба да се случат на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ очекува да понесе убедлива победа, после којашто новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ и со Германија, ќе се обиде да привлече што поголем број германски инвеститори, да дојдат и да инвестираат во Македонија.  Основно за Македонија се нови работни места, а за оние коишто работат повисоки плати. Втората цел е воспоставување на силен систем на владеење на правото и борба со корупцијата, тука исто така ќе ги користиме искуствата на ЦДУ, значи силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ,

-соопшти во изјава за јавноста потпретседателот Николоски.

Можам да кажам дека сум задоволен што во овие два дена тука во Лајпциг, како и претходно во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има силна меѓународна поддршка, тоа не може да го помати никаква прес конференција на СДСМ или лажни вести, или лагите на Заев и неговите компањони. Сите во Македонија знаат дека Заев е виновен за пропаста на Македонија, сите во Македонија знаат дека Заев Македонија ја води назад, како што исто така знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен тим, тим на стручњаци, на експерти, на докажани луѓе од партијата и на нови лица коишто доаѓаат, коишто ќе ја изведат Македонија на прав пат, економски силна и стабилна, и Македонија во којашто ќе владее правната држава. Продолжуваме денеска со средбите тука да ја продлабочиме соработката помеѓу Македонија и Германија , помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.

-вели тој во продолжение.

Целата изјава погледнете ја во видеото што следува во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот