БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски згрме: Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По пласирање на веста дека Бугарската академија на науки не го признава Македонскиот јазик, која што ги разбранува граѓаните во Република Македонија, со своја реакција во јавноста се јави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Истата ја пренесуваме во целост:

“Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет. Сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја. Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми и прашања. Проблемот е во сигналите дека во Македонија има влада и премиер кој е меко ткиво за вакви негаторски теми и аспирации. Но, вистината е дека од 1990-та до денес немало вакви експлицитни јавни директни негаторски, уценувачки и навредливи ставови кон Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Воедно би запрашал што добро донесе за земјава виткањето на кичма за ваквите теми и прашања. Виде ли некој бенефит од тоа, освен ако не го земеме во предвид бројчаникот на најбогатото политичко семејство на Балканот.”

-соопшти Христијан Мицкоски категорично!

Креирано од:


Пренеси го гласот