Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија го потврди својот став по однос на прашањето за името по многуброен пат.
“Ние како партија сме кажале дека за идентитетските прашања не се преговара.
Со самото тоа што они во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара” .
Ги запраша Заев и Димитров, кој им дава право да преговараат за нешто кое е веќе стекнато право на македонскиот народ.
“Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава”
-јасно и гласно порача Мицковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието
Поддршка за истражување на критични минерали: Божиновска присуствуваше на потпишување договор меѓу DFC и Pela Global во Вашингтон, вреден 5 милиони