БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И ЈО излезе со официјално соопштение за криминалната банда во Делчево, Берово и Пехчево: Наредба за истрага против 15 лица осомничени за пустошење шуми

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп.

Во текот на 2025 година, двајца вработени во осомниченото правно лице и полициски службеник формирале група со цел стекнување противправна имотна корист преку злоупотреба на службената положба и овластувања, давање и примање поткуп, како и пустошење на шумите. Придружени од други осомничени, кои се вработени во различни институции (Министерството за внатрешни работи, ЈП Национални шуми подружница Малешево, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица), тие реализирале нелегални активности кои довеле до опустошување на шума во површина од 6.000 хектари, сопственост на ЈП Национални Шуми ПСШ Малешево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист.

Групата била дополнително поддржана од полициски службеници кои не презеле мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли, што им овозможило да го продолжат своето криминално дејствување. Осомничениот директор на ЈП Национални шуми – ПО Малешево ја одобрувал нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата што биле користени за извршување на кривичното дело.

Првосомничениот, во името и за сметка на осомниченото правно лице, во август и септември 2025 година му дал паричен подарок на директорот на ЈП Национални шуми, во вкупен износ од 6100 евра со цел да дозволи нелегална сеча на дрвна маса, и тоа пред да биде објавен јавен повик за опожарена дрвна маса.

Во текот на вчерашниот ден со цел да не биде откриено кривичното дело и сторителите осомничениот началник известил припадник на групата дека полицијата ќе постапува за откривање на кривичното дело, по што осомничениот припадник го информирал организаторот кој понатаму со цел прикривање на трагите на кривичното дело и предметите ги известил лицата кои што вршеле нелегална сеча во атарот на с. Двориште да го “чистат“ теренот по што истиот самиот се упатил на местото каде што бил пресретнат и фатен на лице место.​

​Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите за притвор, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени.

Извор: Јавно Обвинителство на Република Македонија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace