Левица ги повикa граѓаните заедно да ја прослават победата за неуспешниот референдум, и побара од Собранието на Република Македонија да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори.
„Денес е ГОЛЕМ ДЕН во поновата македонска историја! Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине! Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката. Според извори од нашите набљудувачи на терен, политичката партија Левица обзнанува дека Референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е НЕУСПЕШЕН! Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата- МАКЕДОНИЈА. Во таа чест, делегација на Президиумот на нашата партија, се ПОКЛОНИ пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“. Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери да ни се придружат во ПРОСЛАВАТА на тешкостекнатата победа против владината пропаганда. Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива ОСТАВКА, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори!“.
– Се изјасни партијата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце