После денешното спречување од страна на МВР да се одржи планираниот и уредно најавен протест од страна на граѓанското движење “Бојкотирам” кое се спротивставува на уставните измени и промената на името на Република МАкедонија, Тодор Петров најави дека и покрај оваа постапка на власта Кампусот Македонија ќе биде поставен пред Владата.
Ова е неговата објава на фејсбук:
ДВИЖЕЊЕ #БОЈКОТИРАМ
ВЛАДАТА ПОПРЕЧИ МИРЕН ПРОТЕСТ
15 декември 2018 година, Скопје, Македонија – Движењето #Бојкотирам за денес уредно пријави неколкудневен мирен протест со повеќе јавни трибини пред Владата со намера инсталација на Кампус Македонија, како видно обележан и ограден простор, во кој и од кој ќе се остварува организиран отпор се’ до отфрлање на измените на Уставот за промена на името!
За жал, и покрај вчерашниот договор во Градската управа на МВР, денес Владата забрани инсталација на опремата за одржување на уредно пријавениот мирен протест со образложение безбедносен ризик од гранатирање кон Владата од бина, шатор и контејнерите-тоалети во оградениот простор на само една сообраќајна лента на булеварот пред Владата и го попречи неговото одржување.
Движењето #Бојкотирам најостро протестира против владината намера за суспензија на правата и слободите на граѓаните за мирен протест пред Владата, наспроти шарената револуција која во 2015 година во шатори и монтажни објекти со месеци ги блокираше сообраќајните ленти на булеварот пред Владата во двете насоки.
Независно од владината одлука, Движењето #Бојкотирам ќе ја оствари намерата за инсталација на Кампус Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал