СДСМ се веќе свесни дека ја изгубија поддршката од народот и дека веќе им станува невозможно да го испорачаат тоа што го ветиле. Дебаклот за нив веќе е почнат и сите нивни потези во изминатиот период се исто како кога давеник се фаќа за сламка.
Последните истражувања кажуваат дека повеќе од 75 отсто од граѓаните се против договорот со Грција, исто така и ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ и тие се свесни за тоа, а потврда на сето тоа е т.н. прослава која ја организира каде што некаде имаше дури и по еден човек, а Заев беше исвиркан на прославата во Прилеп.
Граѓаните едноставно не го прифаќаат,
изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Отворено студио“ на Алфа телевизија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026