Опортунистичкиот и непринципиелен пристап на Зоран Заев во неговата битка да добие на свое конто што е можно повеќе гласови пред изборите е повеќе од прочитан од страна на граѓаните.
Соочен со револтот на народот од катастрофално лошите политики во изминатите 3 години власт во државата Зоран Заев по потреба артикулира наменски изјави во јавноста кои го дефинираат овој негов опортунизам по формулата “Дај што ќе дадеш”.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека со ваквото лицемерие Зоран Заев е прочитан од страна на граѓаните Албанци и Македонци кои ги препознаваат овие негови манипулации.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Игор Јанушев со која тој ги разобличува овие обиди на Зоран Заев:
” “Зорт” коалицијата го тера Заев повторно да биде лицемерен. Кога му требаат македонските гласови се колне во жицата, во најмилото. Сега, кога целосно ги изневери, започна да се додворува на албанските гласачи повторно лицемерно, кажувајќи дека СДСМ не е македонска партија.
Јас би рекол очајно лицемерие на човек кој е свесен дека ќе загуби и сега е подготвен на се. Но, добро е што граѓаните може лесно да препознаат дека Заев не ја говори вистината и носи само разочарувања, зошто овој човек е виновен за сите порази, сиромаштија, измами, криминал.
Затоа, да му ја исполниме желбата, на овие избори да излезат Македонците, исто и другите граѓани и да кажат што мислат за ваквото лицемерие и измами.
Обновата доаѓа! 💪


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија