БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Имаат ли крај премрежјата на кочанчани? Нови вработувања со покачени плати не го решаваат проблемот со ѓубре кое го прекри градот

Пренеси го гласот

Граѓани од Кочани алармираат дека состојбата со комуналниот отпад во градот, особено во периферните негови делови драстично се влошува.

“Додека Кочани е без вода, градот се гуши во ѓубре, а комуналното претпријатие тоне во долгови, Градоначалникот ги покачува платите на вработените,”

-арамира граѓанин на Кочани кој што сака да остане анонимен, загрижен за лошата насока во која се движи јавното претпријатие во Кочани.

Голем број граѓани сведочат дека изминатиот период Кочани тешко се справува со ѓубрето кое е присутни на јавните површини подолго време без соодветна реакција на комуналното претпријатие.

“Сведоци сме на задоцнето сервисирање на натрупаниот отпад. Граѓаните секојдневно се жалат на неконтинуирано изнесување на отпадот од нивните домови. Отпадот во многу населби не е подигнат од домаќинствата повеќе од еден месец.

Освен ова во последно време се повеќе се забележува и грда слика на преполни јавни контејнери низ централното градско подрачје, а особено оваа слика
е поизразена во периферните делови од градот каде на улиците контенеерите не се празнат со седмици.

Со зголемувањето на температурите миризбата низ градот каде што се поставени контејнерите станува неподнослива. За да се избегне поголема обврска за собирање на отпадот од контејнерите ВД Директорт на Водовод решил на неколку локации трајно да ги отстрани контењерите, за граѓаните да нема каде да фрлаат отпад, а комуналното да нема обврска да го собира,”

-се вели во информацијата која што до нашата редакција ја достави нашиот извор.

Ваквата одлука придонела за создавање на мини диви депонии на местата каде што се отстранети контејнерите.

Исто така со затоплувањето на времето, во повисоките делови на градот има недостиг на вода во водоводните системи.

За ваквата состојба реагираат граѓаните на социјалните мрежи дека цели делови од градот секојдневно по неколку часови се ставаат по рестрикција за вода.

ВД Градоначалникот Венко Крстевски по стапувањето на функцијата, објави дека комуналното претпријатие е во огромни долгови, односно дека должи повеќе од 2 милиони евра за струја и неколку милиони денари за други услуги.

Ваквите долгови не го поколебаа Управниот Одбор на комуналното претпријатие и така лошата финасиска состојба на комуналното претпријатие да ја оптерети со нови покачувања на платите на сите вработени кои го изгласале членовите на Управниот одбор на претпријатието. Познавачи на состојбата велат дека ваквото покачување на платите во комуналното претпријатие дошло по предлог на ВД Градоначалникот Крстевски.

ВД Директорот кој што беше поставен од ВД Градоначалникот Крстевски од комуналното претпријатие нема изнесено информации за ваквата состојба во јавност за која реагираат самите граѓани на Кочани и дали и кога истата ќе биде надмината.

Зголемените плати на вработените во комуналното претпријатие доаѓаат откако претходно биле ангажирани над 20-тина нови работници кои секако придодаваат зголемени финансиски обврски на и дака алармантната финансиска состојба во претпријатието.

На кој начин новиот градоначалник Крстевски и неговите кадри ќе ја надминат оваа состојба останува да видиме во периодот кој следи.

Креирано од:


Пренеси го гласот