Професорот Захи Хавас, (Prof.PhD Zahi Hawass) како дел од неговата работна посета на регионот во рамки на празнувањето на денот на балканските Еѓипќани (24-ти Јуни) претстојуваше во градот Неготино.
Захи Навас е човекот кој што бил инспирација на холивудските филмски работници Џорџ Лукас и Стивен Спилберг за пишување на сценариото за најпопуларниот археолог од филмското платно Индијана Џонс.

Професорот Захи Навас е така-кажано алфа и омега во светската и египетската археологија кој што е заслужен за огромни достигнувања во популаризацијата на оваа сега светски-значајна дејност како и во напорите за ископување и зачувување на археолошкото културно наследство во светски рамки.
Тој е египедски археолог, египтолог, министар за антиквитети во минатото во Египет и абасадор на културата на Организацијата на обединети нации.

Како дел од неговата работна посета во Македонија и Неготино тој ги посети Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Археолошкиот локалитет Стоби и Општинската установа Музеј на град Неготино.
Во неговите искази во рамки на посетата тој изразил огромно задовослтво и восхит кон она што го видел, особено во археолошкиот локалитет Стоби.
Врз основа на оваа посета се планира развој на соработката меѓу институции од Македонија со вакви сродни институции од Египет.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси