БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Индикатори кои укажуваат дека има јасна коалиција меѓу СДСМ, Левица и ДУИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговото синоќешно гостување во емисија на ТВ Шења, говореше за индикаторите кои укажуваат на тоа со кого навистина Левица е во јасна коалиција во актуелните политички разврски во државата.

“Денеска во Град Скопје имате јасна коалиција помеѓу ДУИ, Левица и СДСМ. Еве една одлука ќе ви кажам, а тоа е одлуката за субвенции коишто беа исплатени до Јавното сообраќајно претпријатие. Без да има одговор на тоа зошто се префрлени, каде се потрошени и како се потрошени гласаа советниците на Левица, СДСМ и ДУИ.

„Јасна е коалицијата на советниците на СДСМ и Левица во општина Аеродром. Јасна е коалицијата на советниците на СДСМ и Левица во општина Велес и можам да ви редам многу такви општини. Сега за што зборуваме, каква порака испраќаме? Кажете ми како советникот на ДУИ од Сарај гласаше заедно со советникот на Левица за иста одлука?“, потенцираше Мицкоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој додаде дека несфатливо и збунувачки е како партиите од власта од една страна соработуваат, а од друга ја обвинуваат Левица за проруска партија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace