БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ќе тргнат повторно следбениците на Даме Груев по стапките на неговиот последен марш на Петлец, беровско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово и Месниот комитет на партијата од село Русиново на 23.12.2023 година (сабота) ќе се реализира традиционалниот планинарски марш “По врвиците на војводата Дамјан Груев 2023”

Преку објава на социјалните мрежи организаторите ги повикуваат сите следбеници на револуционерното дело на Дамјан Груев да бидат дел од настанот:

“Доколку не би постоеле големите луѓе и големите датуми во историјата на Македонија, би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ. Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија на планината Петлец во близина на Русиново, Ве покануваме заедно да ја одбележиме 117 годишнината од неговата погибија. Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека делегацијата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

23.12.2023(сабота)

09:00 Собирно место мегдан во село Русиново
09:15 Панихида на чест на Војводата на селските гробишта
09:45 Положување на свежо цвеке
10:15 Тргнување кон местото на загинувањето на Војводата”

-стои во соопштението на организаторите објавено на фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace