БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за театарската претстава “Среќен Мртовец” на алтернативниот театар “Отпишани”

Пренеси го гласот

Во изведба на актерите од алтернативниот театар “Отпишани” во Народниот театар во Штип утре на 8 декември ќе се одигра театарската претстава “Среќен Мртовец”.

„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал.
Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти.
Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.

Автор: Марјан Анѓеловски
Улоги: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.
Продукција: Алтернативен Театар Отпишани – Скопје

Цена нa влезница 200 денари.
Билети на билетарата на Народен Театар Штип. Секој работен ден од 16 до 20 часот.
Телефон за резервации 070/729-430.

Се гледаме на претстава

Креирано од:


Пренеси го гласот