БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за планинарски марш на планината Плачковица од страна на ДПС “Лисец” Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод Интернационален ден на Планината во организација на ФПСМ и ДПС Лисец – Штип, се организира планинарска акција на планината Плачковица и искачувања на врвовите Туртел – 1607мнв и Црквиште – 1693мнв како и посета на црква ,,Св Спиридон,, и планинарскиот дом Вртешка.

ЗПЗП Козјак 2013 завзема учество во акцијата и организира заеднички превоз за сите заинтересирани Кумановци со поаѓање од кај Жмара во 06:00 на 10ти Декември. Информации за превоз на телефоните најдолу.

Опис на патеката:
-категорија-лесна и погодна за почетници и искусни планинари.
-должина на патека 14км
-елевација 500м
-времетраење на акцијата 4 час

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Акцијата ќе биде изведена во зимски услови со стартна точка од местото викано Билборди , ќе се движиме по широк земјен пат и ќе ги искачиме врвовите Туртел-1607мнв и Црквиште-1693мнв а попатно ќе ја посетиме новата црква ,,Св Спиридон,,.
Патеката е кружна и лесна за движење, ќе направиме мала пауза за чај кај спасителната станица а потоа се спуштаме кон планинарскиот дом “Вртешка” каде од организаторите има обезбедено топол чај и бесплатен ручек (топла телешка чорба) – и секој учесник да си понесе со себе прибор за оброкот (чинија и лажица).
Забава ќе биде со добро познатите ,,ARRE BROTHERS BAND,,.

Секој учесник треба да има соодветна зимска опрема (добро разгазени чизми, зимска облека во слоеви, планинарски стапчиња, наочари и се разбира голема и широка насмевка)
Доколку има најава за лоши временски услови, акцијата ќе трпи промени и истата ќе биде скратена од страна на домаќините.

Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 8-ми Петок до 12:00ч на броевите подолу:

Марко – 077 760 502
Драгана – 075 333 769

Ве молиме почитувајте ги правилата на организаторите

Извор: Фејбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace