ЈКП “Брегалница” Делчево преку АВРМ објави оглас за вработување на помлат референт- инкасатор со било која општа или стручна средна подготовка.
Во огласот стои услов кандидатите да имаат познавање од Англиски јазик, Француски јазик или Германски јазик како и работа со компјутери.
За овој оглас своја реакција во јавноста упатија од ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево кои ги обвинуваат надлежните за партизација на претпријатието пред избори.
“Се прави ли последен обид за вдомување на актуелен Член на Совет на Општина Делчево од редовите на СДСМ Делчево во ЈКП ”Брегалница” Делчево?!
Се прави ли груба предизборна партизација на институциите во Делчево?!
Ќе дознаеме многу наскоро иако сме сигурни во тоа!
Исто како што сме сигурни дека народот поради ваквите удоволувања на поединци, жестоко ќе ве казни на 8ми Мај наредната година!
Тик так…”
-стои во сооптението упатено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од ОК Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи