БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Д-р Николчо Стојменовски: Монструозниот Случај – ОНКОЛОГИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во оваа држава со скоро секоја афера, случај или криминал бледнее со текот на времето.

Не го пишував своето мислење и став по ова прашање кога оваа тема беше актуелна затоа што длабоко во себе знаев дека оваа тема со тактика на медиумско спинови ќе избледне критиката и ќе продолжи традицијата на неказнивост во ова општество.

Кои се длабоките трауми и последици по системот?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1. Никогаш повеќе пациент нема да влезе во докторска ординација без сожнежи и прашувајќи се:

И овој доктор е ист како оние од Онкологија?

Дамка на срам што апсолутно никогаш нема да си го испереме барем во следните 10 години;

2. Довербата во системот?!

Во крајна линија, ова е пораз и срам за сите ние кои имаме бел мантил, a молчиме за мир во партијата. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши колеги.

ЕТИКА, МОРАЛ И ЧОВЕЧНОСТ еднакво на НУЛА.

И, на крај јас сум ветеринар. И, како таков ниту на крај на памет не ми дошло на животните кои боледуваат со скоро исти малигни дијагнози и да им дадам погрешна или лажна терапија за да им го скратам животниот век со цел ГОЛ ПРОФИТ, а камо ли на ЧОВЕЧКА ДУША.

Најголемиот пораз за мене како човек е што за вакви теми кои во реалноста се случуваат, а го нема ниту во Африка, владее молк, апатија и незаинтересираност.

Молк за систематско убиство?!

Жално колку го пробивме дното.

Пишува: Д-р Николчо Стојменовски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace