БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Исчистена голема депонија со градежен шут во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во соработка со ЈПКР „Услуга“ Берово, спроведовме акција за чистење на депонијата за градежен шут, лоцирана на местото познато како „Црвен Брег“ во Берово.

Со оваа активност беше отстранет насобраниот отпад и просторот повторно е ставен во функција, исклучиво за одлагање градежен отпад.

Потенцираме дека оваа депонија е наменета само за градежен шут, а одлагањето на каков било друг вид отпад, е строго забрането и казниво согласно законските прописи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

АПЕЛИРАМЕ до граѓаните за совесно, одговорно и правилно одлагање на отпадот.

Несовесното постапување со отпадот, претставува сериозна закана за животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на нашата заедница и мора да престане.

Берово и Малешевијата се препознатливи како еколошки чист крај и наша заедничка обврска е да го зачуваме тоа богатство за нас и за идните генерации.

Веруваме дека со заеднички напори и одговорно однесување ќе придонесеме за поубаво, почисто и поздраво Берово.

Чистата и уредна околина е заедничка одговорност!

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот