БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Околу 20 милиони евра чини дрвната маса која беше исечена од делчевско-беровскиот регион во минатите години

Пренеси го гласот

Со своја прес конференција Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски ја алармира јавноста за крајно влошените состојби во работата на ЈП “Национални Шуми” како и за огромната уништена шумска површина во Делчевско-Беровскиот регион во изминатите години која немилосрдно се сече по багателни цени и се извезува од овој крај.

“Почитувани делчевчани овде од местото каде што се случи најголемото злосторство кон природата кое историјата на Пијанечко-Малешевскиот регион го памти, сакаме да се потсетиме на вкупната опожарена површина зафатена со пожарот во Делчево, која е над 4000 хектари на кои од свиркачи дознаваме дека се претпоставува дека имало повеќе од 500 илјади кубици дрвна маса или во пари (реално, добро наплатени дрва), некаде околу 20 милиони евра.

Суми на пари која најверојатно голем дел завршила во некој џеб!

Од каде е оваа констатација?!

Со оглед на тоа што по наши сознанија, една плата во Македонски Шуми е некаде околу 1 милион евра, тоа се 20 плати за цело ЈП Македонски Шуми, или за сите 30 тина подружници во кои и делчевската и вклучувајќи ја и дирекцијата во Скопје!

Со оглед на тоа што во ова претпријатие навидум има некаков ред, секоја подружница треба сама да си обезбеди плата, а од причина што оваа дрвна маса најверојатно се краде од нашиот регион, тогаш следствено на тоа, подружниците кои гравитираат овде би требало во наредните неколку години да немаат никаков проблем за плата.

Граѓаните вработени во Македонски шуми , сигурно се прашуваат за која плата?!

Плата која два месеци вработените во подружницата на Македонски шуми во Делчево исто како и во другите подружници во Република Македонија не ја добиле!

Дрва нема, го нема ни редот во ова претпријатие, пари нема , плати нема, се прашуваме:

🫵 Каде затаи истрагата за запалените делчевски шуми?

🫵 Дали се точни информациите дека покрај опожарена се сече и зелена дрвна маса на цената на опожарената?

🫵 Кои се фирмите кои дебело профитираат од шлеперите кои секојдневно заминуваат од Делчево со дрвна маса пред очите на делчевчани, додека вработените на подружницата во Делчево немаат плата два месеци?

🫵 Кој ги краде парите?

Едно е јасно покрај тоа што ќе има одговорност, а тоа е дека вековни дрва се уништени, бесправна сеча, криминал , милионски суми украдени…

Целата ужасна состојба во Делчево не може да биде резултат на дејство само на неколку поединци од СДС.

Бидете сигурни дека заедно со народот ќе ве поразиме најпрвина на 24ти Април а потоа и на 8ми Мај.

Тик –так…”

-стои во интегралниот текст на прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот