БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Програмата за патишта и улици во Општина Делчево е новогодишен спосок на желби кој се препишува од година во година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во однос на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2024 година како Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од името на граѓаните кои ги претставуваме и чии интереси ги застапуваме, сакам да дадам една негативна оценка за имплементацијата на сите досегашни вакви програми кои што општинската администрација под раководство на градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски ги има доставувано со години наназад како во неговиот прв мандат така и во овој негов последен мандат.

Со години наназад како и сега од Секторот за урбанизам на нас Советниците ни доставуваат еден новогодишен список на желби кој што градоначалникот веројатно пред секоја нова година замислувајки се како “Дедо Мраз” се надева дека некој ке ги исполни, несваќајки дека тој е одговорниот за имплементација на оваа програма која секоја година се доставува за гласање до нас Советниците во Совет на општина Делчево.

Следејки ги наназат програмите кои се носени од страна на општинската администрација под палката на Трајковски и споредувајки ја со овој документ кој што се доставува секоја година како предлог доставен до нас како Советници да го гласаме ќе видиме дека пренатрупаната и партизирана администрација на општина Делчево од занает научиле само препишување од година во година едни та исти програми од кои процентот на реализација е минимален.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Без да го одзамам времето на овој ценет аудиториум овие мои тези ќе ги аргументирам со неколку факти кои бодат очи:

Така на пример,

– Во 2022 година секторот за урбанизам предложил до истиот овој Совет програма во која се вели дека ќе работи на Довршување на дел од општински пат Л-13 Габрово -Звегор – Стамер – Град – Вирче – Стар истевник;

– Во истата програма за 2022 година градоначалникот преку неговите потчинети во секторот за урбанизам популистички најавуваше дека ќе работи на Довршување на делница од општински пат Л-9 кон Димовска маала, с.Драмче;

Повторно како со години наназад ЕЛС Делчево најавуваше во делот за изградба реконструкција и рехабилитација на општински патишта, на оваа програма која што треба сите ние да го гласаме дека ќе работи и на изградба на:

• пат Л-7 Делчево- Косово дабје- Бигла- Турија (стар пат М-27)

• Реконструкција на општински пат Л-18 кон с.Нов Истевник делница Пасјак;

• Изградба на дел од општински пат Л-18 (отклон од пат Р1302 – Пасјак – Балабанци) делница Пасјак – Балабанци и така натаму и така натаму….

Препишување од година во година- имплементација никаква!!!

Одам понатаму:

– со години наназад вклучително и во неговите предизборни програми градоначалникот најавуваша изградба на улици за жителите во населбата Ѕвегорска река, за да пред некој ден гледаме како младите кои се уште не ја напуштиле оваа населба се мачат сами да си ги пробиваат и опесочуваат улиците за да можат да излезат од своите домови;

Сообраќајниот хаос во централното градско одрачје со години се провлекува поради игнорантскиот однос на градоначалникот за заокружување на улиците, тротоарите и паркинзите кои значително ќе го растеретат сообраќајот и нервозата на граѓаните. Препишувањето на проекти во оваа програма од година во година, за делчевчани значи билет во еден правец во некоја странска земја затоа што градоначалникот повеќе од 6 години е зафатен со други за него поважни работи отколку да направи:

– пристапна улица зад Основен суд​ Делчево;

-тротоар на дел од улица 4;

– Реконструкција на улица Индустриска;

– Обезбедување на соодветно поврзување од населба Басарица кон сообраќајната мрежа на градот Делчево.

Итака натаму и така натаму, ќе ми треба повеќе денови да ги читам овие проекти кои за делчевчани живот значат а за општинската администрација под раководство на градоначалникот Горан Трајковски се секоја година предновогодишен памфлет на желби кои ја отсликуваат неговата неспособност од една страна но и голем неоправдан општимизам од друга страна кој што со завршување на секоја наредна година од неговото владеење пука како меур од сапуница.

Нема да навлегувам во наброените улици, тротоари и паркинзи за секоја населба посебно затоа што јавноста во Делчево и граѓаните кои живеат во овие населби како во градот така и во селата знаат колку вода држат ваквите планови на градоначалникот Трајковски.

Ние како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, сметаме дека ваквата пракса на препишување на список на желби мора да заврши и општинската администрација посуштински да ги планира расходите во Буџетот за наредната година, затоа што имаат цела година да сработат конкретни проекти, да обезбедат финансии и да ги реализираат така како што ќе предвидат во оваа програма.

Ова манупулирање на делчевчани кое што го гласаме ние како политички претставници на граѓаните е ништовен документ кој што сметаме дека треба да се врати на доработка и точно и конкретно прецизирање на вистинска програма што ќе се работи во 2024 година.

Пишува: Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace