БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од Денес Општина Ресен е со одблокирана сметка. Чесната работа носи резултат

Пренеси го гласот

Денес после период од 15 години за прв пат имаме раздолжена, одблокирана Општина Ресен.

Со стапувањето на функицијата градоначалник, во услови на економска и енергетска криза, со наследениот долг од околу 40.000.000 денари и блокирана сметка од 2009 година, успеавме без ничија финансиска интервенција и без било какви обврски кон никого, денес да имаме нула денари долг по било каков основ.

Покрај одблокирањето на сметката, успеавме да создадеме и позитива од околу 12 милиони денари, којшто позитивно ќе се одразат врз целокупното работење на локалната самоуправа.

Ова раководство на локална самоуправа, ја превзеде таа одговорност, и конечно го реши долгогодишниот проблем, со одговорно, домаќинско и транспарентно работење.

Сето ова го правиме, без да заостануваме во инфраструктурни проекти, помагање на граѓаните и здруженијата, инвестиции во други сфери – се разбира онолку колку што ни дозволуваа тековните услови и финансиски можности, при што со заштедени средства успеавме да отпочнеме и реализираме неколку нови проекти како и да реализираме над 80 проекти во изминатиов период.

Горд и благодарен сум на тимот кој што работеше со мене на оваа проблематика во изминатиов период од две години.

Сето ова позитивно ќе се одрази врз работењето на самата општина и на граѓаните на Ресен и Преспа во периодот кој следува.

Продолжуваме со работа и во една насока – Да ја видиме подобра и попросперитетна Општина Ресен и Република Македонија.

Извор: Јован Тозиевски – Градоначалник на Општина Ресен

Креирано од:


Пренеси го гласот