БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: 4-те викенди без ДДВ станаа 1 викенд порачан по Али експрес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст од изјава за медиуми – Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија 

Почитувани,

СДСМ ги излажа граѓаните.
Од ветените 4 викенди без ДДВ во септември, работата ја сведоа на еден викенд без ДДВ со низа недостатоци, во октомври и тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок во јавноста.
СДСМ немаше план да реализира викенд без ДДВ. Ја ветија мерката во септември и не ја реализираа. Потребен беше притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да ја предвидат мерката, дури во октомври.
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, претставниците на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди, по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година.
Така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците со македонски производи, а истовремено ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.
Со нашиот предлог реално ќе се помогне на граѓаните, а не само декларативно.
Доколку СДСМ се искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатат овој наш амандман и со тоа ќе го реализираат она што го ветија. Во спротивно ќе покажат дека ја лажеле и манипулирале јавноста во предизборни цели.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот