Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов преку социјалните мрежи ја израдува јавноста со уште една асфалтирана улица во Штип.
Станува збор за улицата Личка чија што состојба претходно задаваше неизмерни проблеми за жителите кои живеат и гравитираат на улицата.
“Пред неполни 2 недели, состојбата на улицата Личка беше очајна и безнадежна. Меѓутоа, со интензивни меѓусекторски состаноци, пронајдовме брзо и ефикасно решение, кое во овие есенски денови е со радост дочекано од жителите, затоа што калта за нив од денес станува минато.
Голема благодарност до жителите за истрајноста и за сите работници кои се вложија за успешно завршување на овој проект!”
-напиша на фејсбук Градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа