Денеска на прес конференција координаторот на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во Совет на Општина Штип Иван Јорданов ги обвини актуелните власти на локално и централно ниво за корупција со јавните буџетски сретства.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме неоват аргументација на денешната прес конференција:
ЈП Исар во 2018 година набави електрична метларка во износ од 86.149 евра или најскапата метларка во нашата држава.
Но, оваа машина од распишувањето на тендерот до денес ја следат низа нерегуларности, за кои веќе е обелоденето од кои причини биле направени.
Најпрво, метларката била набавена по цена повисока од проценетата вредност утврдена пред распишување на тендерот.
Техничките спецификации дадени во тендерската документација, апсолутно се поклопуваат со спецификациите само на машините од марката Green Machines, кое отвара дилема дали се работело транспарентно и одговорно кон другите компании кои продаваат исти вакви машини за чистење.
Компанијата која го добива тендерот е единствена која се пријавила и е дистрибутер на овие машини, кои пак ги произведува фабриката во сопственост на вицепремниерот Кочо Анѓушев.
Почитувани,
Штип е уште една од жртвите на власта за која секојдневно дознаваме како врши одлив на јавни пари во приватни џебови.
Корумпираната Влада очигледно не може да ја задоволи својата алчност на централно ниво, па затоа ја проширува својата мрежа на интерес и на локално ниво.
Болеста наречена СДСМ метастазира во сите сфери и секојдневно ни докажува дека е време да ја напушти власта!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија