БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: Прашања од интерес на јавноста во врска со тендер на општина Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради индиции за можни злоупотреби со реализацијата на склучениот договор за систем за зонско паркирање, од партиската говорница во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот од Штип Иван Јорданов упати серија прашања до локалната власт во Штип предводена од градоначалникот Сашко Николов:

„Почитувани,
Индиции за „матни и криминални зделки“ се појавуваат и во мандатот на овој Градоначалник на Општина Штип.
За неодамна склучениот договор за Систем за зонско паркирање и наплата на паркинг места преку СМС пораки, Јавното Претпријатие Стипион, кое е под директна надлежност на Градоначалникот, потрошило околу 3.500.000 денари.
Договорот пак, од 2019 година, за истата услуга, со многу посериозни услови наведени во техничката спецификација, изнесувал околу 1.400.000 денари.
Во контекст на овие јавни податоци, поткрепени со информации стигнати до ВМРО-ДПМНЕ, го повикуваме Градоначалникот да одговори:
Дали е вистина дека овој Договор е склучен, поради притисок од влијателен и познат македонски бизнисмен, близок до Градоначалникот?
Дали е вистина дека цената на овој Договор е толку висока, поради процентот кој е ветен на Градоначалникот за негово склучување?
Дали Градоначалникот има оправданост за потрошениот неразумен износ на народни пари?
Зошто во 2021 година се даваат дури 3.500.000 денари, за помалку услуги, во однос на 2019 година, кога за пообемни услуги се потрошениле само 1.400.000 денари?
Градоначалникот е должен да одговори на овие прашања, меѓутоа истите, треба да ги истражи и јавното обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за овој случај, а надлежните имаат обврска да утврдат зошто и како во пандемија, за иста услуга од 2019 година, општината троши дури 250% повеќе народни пари.“

Целата реакција упатена во јавност може да се погледне на сл. видео:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace