БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: Раководството на Клиничка болница во Штип се обидува да ги затскрие скандалите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со алармантната состојба во Штип и Клиничката болница во Штип своја реакција во јавноста упати Иван Јорданов- Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Актуелното раководство на Клиничка болница Штип веќе со години го тресат скандали и секогаш за истите бараат изговори или пак ја префрлаат вината на други. Секогаш кога ќе се појави пропуст, незаконитост или скандал. Раководството на Клиничка болница – Штип потпомогнато од Министерството за здравство се обидува изнесените нерегуларности или скандали да ги затскрие и по можност да се заборави и да се забрани да се зборува за истите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На актуелното раководство на Клиничка болница – Штип најпрво им се случи зараза со Хепатит Ц и тоа не беше ситуација во која заразата се појавила на улица, туку зараза која се појави на едно од одделенијата во Клиничката болница. За овој случај до ден денес не се изнесе точна информација кој е изворот на заразата и кои мерки се превземени за спречување на истата, како и дали има одговорност кај некого за ширењето на оваа зараза.

На актуелното раководство му се случи целосно запирање на изградбата на новата Клиничка болница – Штип. Не само што со години ја одложија изградбата туку истата ја збогатија со финансиска афера во која се бараат дополнителни 7 милиони евра за довршување на истата. Секако и за оваа афера јавноста не доби одговори и за истата се бараа разни изговори.

На актуелното раководство со новонастанатата состојба со корона вирусот исто така му се случуваат низа на скандали и пропусти во работењето. Така најпрво од инфективното одделение им избегаа двајца пациенти, па сагата продолжи со ненавремено и недоволно тестирани граѓани кои се со симптоми на корона вирус за да заврши со медицински персонал кој се наоѓа во карантин. Зошто медицинскиот персонал, а со тоа и пациентите во Клиничката болница се изложени на ризик од зараза со корона вирус, актуелното раководство повторно не одговара и се обидува и ваквите пропусти да ги „фрли под тепих“ и за нив јавноста да не зборува.
Актуелното раководство на Клиничка болница Штип треба да знае дека за нивното работење се виновни самите тие и не може изговори да бараат во минатото или пак обвинувајќи сосем трети лица кои немаат допирни точки со нивната работа. Исто така актуелното раководство на Клиничката болница треба да има на ум дека за сите овие пропусти, незаконитости и нерегуларности се подложни на анализи и истраги и доколку се утврди вина истата ќе ја сносат самите тие и никој друг.

Актуелното раководство на Клиничка болница – Штип треба да знае дека е на таа функција за подобрување на условите и целокупниот процес на лекување на пациентите, а не е на функција за да раскажува за минатото или иднината. Раководството треба да се посвети на сегашност и реалната ситуација во која тие се губат, а за тоа сакаат јавноста да не знае. “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace