БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изборите се решение. Потребна е висока општествена свесност и одговорност кај сите значајни политички субјекти и сите граѓани во државата

Пренеси го гласот

Падот на куповната моќ на граѓаните во Македонија а со тоа и стандардот на населението е радикално намален.

Ваквиот слободен пад на животниот стандард е резултат на голем број причини кои се случувале во минатото.

Никој од страна нема да дојде да ја поправи ваквата ситуација. Ни ЕУуууу, ни НАТО, ни Америка, ни Русија, ни Србија, ни Бугарија ни Албанија….

Кај мнозинството граѓани е клучот на ваквата поразителна парадигма кој што е содржан во правото на избор, секојдневно не само на избори.

Изборите се клучниот момент- збир на сите очекувања, надежи и визија…

Со актуелната социјално-демографска катастрофа кој е впиена во секој сегмент од државата, потребно е народот преку слободно изразена волја на избори да проба да излезе од ова предсмртно бунило во кое се наоѓа.

До избори потребно е да се дојде по пат на целокупен општествен консензус, кој што власта пред се мора да го модерира и манифестира во своите политички определби. Глувоста на актуелно- владеачките партии на ваквиот повик за општонародно обединување зад политика која ќе има основна цел да го спаси Македонското општество од целосно пропаѓање, е антидржавен елемент кој што може да биде опасен за стабилноста на државата.

Било каква политика како континуитет на досегашното политичко преживување, грабеж, криминал, пакост и спротивставености не е повеќе добредојдена ако сакаме да го запреме падот на целокупниот државен колектив.

bregalnickimarketing

Изборите се решение. Потребна е висока општествена свесност и одговорност кај сите значајни политички субјекти во државата.

Радикализацијата која се наѕира во форма на нов социјален бунт никому нема да донесе добро.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот