Денеска во семејството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се празнува именденот на нивниот најмлад член- синот Антониј.
По повод денешниот православен Христијански празник Преподобен Антониј Велики во семејството Мицкоски се прославува роденденот на младиот Антониј, неговиот именден во духот на традицијата со сите христијански обичаи.
Младиот Антониј од најмлади години има прилика да учи и да ја практикува нашата традиција како христијани, што е обичај за сите традиционални православни македонски семејства
“Семејството е најважниот темел. Традицијата продолжува и истата треба да се негува и почитува. Антониј денес го слави своето име и родениот ден. Погача во црква и молитва, традиција која и Јован и Антониј ќе продолжат да ја негуваат.
Вечно име и среќен роденден синко!
Среќно име на сите кои го слават Св Антониј!”
-напиша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот празник.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Демант на „Банана филм“ на Милчо Манчевски на соопштението со груби лаги и дискредитации од страна на Агенцијата за филм од 16 мај 2023 година
Вака министерот Оливер Спасовски лажеше за кодот “МК” и “МКД” на регистарските табли на возилата
МВР без пардон санкционира брзо возење кое е присутно на патиштата низ државата