Во рамки на програсмките определби на градоначалникот на општина Виница периодов во општината се реализираат повеќе проекти за изградба на нови модерни и безбедни сообраќајници во повеќе делови на општината.
Станува збор за изградба на повеќе нови улици кои ќе значат подобар животен стандард за граѓаните кои гравитираат секојдневно по истите. Важноста на овое проекти е дотолку поголема што овие улици се долгогодишна потреба и барање на самите жители кои што во првата година од мандатот на градоналникот Митко Костадиновски веднаш се реализиираа со финансиски сретства од општината.
“Го продолжуваме силното инфраструктурно темпо и секојдневно реализираме проекти што значат подобри услови за живот во сите делови на Општина Виница. Со нови инвестиции во улици, тротоари и јавни површини, чекор по чекор создаваме поуредена, побезбедна и пофункционална средина за сите граѓани.
По поплочувањето на улиците во населените места Истибања и Градец, продолживме со поплочување на потесни и помали улици во Виница. Денес ги завршуваме работите на пет краци од улици, како и поплочувањето на паркинг-просторот на улицата „Илинденска“.
Со овој проект во Виница се поплочени околу 2.500 м² површина.
Средствата за реализација на проектот, кој опфаќа поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места, во вкупна вредност од 5,7 милиони денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Виница”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски во врска со овој проект.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево