Вечерва во Скопје ќе се одржи пригоден настан преку кој ќе се одбележи значењето и делото на Македонскиот поет и еден од оснопвоположнците на современата Македонска поезија, Кочо Рацин.
Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ што ќе се одржи на 29 јуни, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе одбележи два значајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неогвата смрт.
Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски. Присутните ќе го проследат музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.

Од страна на организаторите на овој убав настан упатуваат благодарност кон нивните колеги од Архивот на МАНУ кои им ги позајмија оригиналните картички на Рацин, како и на Кинотека на Македонија, за копијата на филмот Бели мугри.
Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, на 29 јуни (петок) во 20. часот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!