По објавената информација од наша страна за состојбите со спортот во општина Берово именуван под наслов Спортот во Берово ги доживува своите најголеми трауми: Изорано помошно игралиште за фудбал во с. Смојмирово, на официјалната веб страна на општина Берово излезе известување за дел од информациите во нашиот текст достапна на сл. интернет врска тука.
Реакцијата на општинската администрација во Берово се однесува на дел од информациите во нашиот текст поврзани со изораното некогашно игралиште во село Смојмирово, општина Берово.
Реакцијата ја пренесуваме во целост превземена од веб сајтот на општина Берово:
Во врска со неодамнешните обвинувања на Веб Порталот www.bregalnicki.mk, за изорано игралиште, кое се користело како помошно игралиште за тренинзи и натпревари за ОФК,,Малеш’’ Берово , Ве известуваме дека игралиштето од 2015 година, не е во општинска надлежност.
Истото земјиште, од 2015 година, е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое после 2015 година има склучено закуп, со индивидуален земјоделец.
Од тие причини,сакаме да искажеме јавен револт, спрема сите оние кои, сакајки некого да обвинат, се користат со објавување на лажни и непроверени информации и да упатиме апел, пред објавување на било каква критичка информација , да ја сослушаат нападнатата страна, како би имале непристрасно и воедно подкрепено известување за јавноста.
Во прилог на информацијата Општина Берово приложува и фотографиран документ

Уреднички одговор на реакцијата на Општина Берово
Почитувани локални власти во општина Берово,
Вашата реакција која се однесува за дел од нашата статија дека било изорано некогашно игралиште со ништо не ги демантира информациите во споменатиот текст дека спортот во општината назадува.
Баш напротив Вашата информација е потврда на нашиот текст дека е уништен терен кој порано се користел за спортски активности а со тоа се уништени и дел од условите за развој на спортот во општината. Граѓаните од село Смојмирово сведочат дека ова игралиште се користело за фудбал до 2017 година. А сега во 2019 година е ораница. Ние никаде во нашиот текст немаме спомнато надлежност над теренот на која Вие се повикувате во Вашата реакција.
Факт е дека во минатото имало игралиште кое сега е ораница.
Овие поразителни факти се спротивни од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник на Берово дека ќе го развива спортот во општината, што се главен и суштински акцент на нашиот објавен текст. Изораното поранешно игралиште е само илустративен пример на каде се движи спортот во Берово 2-3 години наназад без намера да обвиниме било кого за состојбата на овој терен некогаш и сега.
Дополнително е што во Вашето известување пренесено погоре нема никакви информации кои се демант во врска со делот од нашиот текст за поразителните факти за состојбата со фудбалот и воопшто спортот во Берово, што го прави Вашето известување делумно и селективно.
Оттука тврдењата од Ваша страна дека нашиот портал пласира “лажни и непроверени информации ” сметаме дека се обид за замолкнување на слободната мисла на изразување, како и сузбивање на правото за информирање на јавноста за состојбите со спортот во Општина Берово.
Со почит
За било какви дополнителни информации можете да не контактирате на контактите подолу.
е-маил: bregalnicki@gmail.com
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола
Жителка од с. Лаки, виничко заработи кривична пријава за упатување на заканувачка содржина преку соц. мрежа
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање