Екипите на ЈП Исар без око да им трепне го исекоа до корен најстарото дрво кое го красеше градот пред основното училиште ,,Ванчо Прќе”. Ова дрво не само што беше едно од најстарите туку беше и едно од најголемите извори на зеленило во централното градско подрачје во Штип. Она што е интересно е дека од самото претпријатие молчат за ваквиот грозоморен чин кон зеленилото. Тие на нивната Фејсбук страница имаат објавено дека сечат и кројат само суви гранки на дрвјата низ градот. Па граѓаните отворено се прашуваат од кога гранка се заменува со сечење на цело дрво. Причината за оваа постапка ќе треба да ја образложат од ЈП Исар но во секој случај тие си решиле една мака повеќе, нема повеќе да собираат и метат листови кои паѓаа од ова дрво.
Она што е уште повеќе интересно е молкот од новата локална власт и невладите организации. Во предизборието и едните и другите беа гласни критичари кога се сечеа дрва и кога се уништуваше зеленило. Актуелниот градоначалник половина од својата кампања ја помина во ветувања за подобра и почиста здрава околина. Меѓутоа, со ваквите чекори на претпријатијата кои се под негова контрола го докажува сосема спротивното. По се изгледа дека и на едните и на другите им беше битно да се наместат во функционерските фотељи а на ветувањата дадени пред граѓаните се заборави за многу брзо време. За да израсне ново дрво на местото на ова кое беше безмилосно исечено граѓаните ќе почекаат најмалку добри триесетина години. До тогаш ни останува да се печеме на жешкиот градски асфалт и да дишеме воздух кој станува се повеќе загаден.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг