БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидатите за градоначалници на СДСМ во Брегалничкиот регион се тотална политичка непознаница за јавноста на само 50 дена пред изборите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пополека предизборната трка за Локалните избори во Брегалничкиот регион влегува во својата најангажирана фаза. Со привршување на рокот за поднесување на кандидатури од страна на независни кандидати за градоначалници и кандидати за советници, веќе се исцртуваат контурите на обемот на политички сили кои што амбицираат да бидат идна локална власт во државата.

ВМРО-ДПМНЕ во изборната трка влегува со добро познати политички имиња чиј што политички ангажман во изминатите години има серозна кредибилност и конкретен учинок во интерес на подобрување на стандардот за живеење на граѓаните во регионот и застапување на нивните интереси.

Но она што е најсимптоматично е отсуството на препознатливост во јавноста и конфузијата во редовите на СДСМ и тоа на ниво на општински организации во целиот Брегалнички Регион. Во одреден број на општини до неодамна СДСМ немаше предложено имиња за кандидати за градоначалници иако владејачката ВМРО-ДПМНЕ тоа го имаше направено пред повеќе месеци. Таков беше примерот со Делчево каде што до пред некој ден СДСМ немаа свој кандидат по што минатата недела предложија целосно политички анонимно лице- психологот Дејан Глинџарски за да ја трча трката за градоначалник во Делчево. Овој кадар на СДСМ во политичка смисла е целосна непознаница за граѓаните на Делчево, без видлив политички ангажман, ниту пак со некаков прикажан капацитет за менаџирање на буквално кажано иднината на општина Делчево за наредните 4 години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наспроти него е кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски кој што е еден од најангажираните политичари со јасни и конкретни ставови и решенија за голем број на предизвици за подобрување на живеачката на сите граѓани на Делчево во изминатите неколку години. Покрај посветената работа со конкретни резултати за граѓаните во Советот на Општина Делчево во изминатите 4 години, она по што Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ сериозно отскокнува наспроти кандидатот на СДСМ Делчево- Дејан Глинџарски е широкиот тим на соработници од секоја сфера на општествена и јавна дејност кој гравитира околу Иван Гоцевски што наговестува сериозни контури за силно капацитативен тим кој што ќе се зафати со решавање на предизвиците кои се во огромен обем присутни во секојдневието на граѓаните на Делчево.

Од друга страна пак во неколку општини од истокот на државата состојбата е сосема поинаква од таа во Делчево. Во ОО на СДСМ во општините Карбинци и Пехчево ситуацијата е малку поинаква, но подеднакво алармантна на кадровите потенцијали со кои СДСМ истрчува на локалните избори. И покрај тоа што од овие две општински организации на СДСМ имаат определено свој кандидат за градоначалник повеќе од два месеци тие исто така се целосни политички анонимуси во јавноста и немаат речиси никаква активност за нивна политичка афирмација во јавност и што е уште поважно претставување на нивните персонални квалитети и капацитети за менаџирање на вака значајни институции како што се општините во Брегалничкиот Регион.

Во Карбинци како кандидат на СДСМ е предложена Љупка Соколовска за која ниту пошироката јавност во Карбинци не знае со какви потенцијали располага за да биде сериозен кандидат на СДСМ која ќе ја бара довербата на граѓаните, а за некаква јавна афирмираност во поширокиот регион не станува ни збор. Наспроти Љупка Соколовска од СДСМ Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во трката за нов градоначалнички мандат ќе трча актуелниот градоначалник Виктор Паунов кој што во изминатите 4 години покажа достоинственост и огромна фокусираност на неговите програмски определби од минатите локални избори и огромна посветеност во решавање на секојдневните предизвици во интерес на обезбедување на подобар животен стандард за жителите на општината Карбинци.

Истата ситуација е и со кандидатот на СДСМ во Пехчево Златко Николовски кој што освен што е член на ЦО на СДСМ друг политички минат труд во полза на граѓаните на Пехчево нема. Наспроти кандидатот на СДСМ Пехчево предложен од Венко Филипче, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Пехчево на претстојните локални избори ќе трча актуелниот Градоначалник на Пехчево Александар Китански кој што во изминатите 4 години успеа да ја консолидира општина Пехчево по претходното неодржливо работење на неговиот претходник од СДСМ и да ги реализира зацртаните проекти од неговата програма како и редица на имплементирани мерки кои што произлегоа во текот на работата на општината Пехчево во изминатиот период.

Во општините во кои што СДСМ предложија свои кандидати во првите објави на оваа тема од страна на Венко Филипче во Брегалничкиот Регион пред повеќе од два ипол месеци се познати имињата на Павел Иванов кој што ќе трча за градоначалничката функција во Штип, наспроти еден од најуспешните градоначалници во изминатиот период од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тоа е градоначалникот на Штип Иван Јорданов под чија менаџерска палка се реализираат едни од најважните проекти за Штип во изминатите децении. За кандидат за градоначалник на Берово од СДСМ уште пред повеќе од 2,5 месеци го предложија Илија Рунтевски кој што е на исто ниво политички анонимус, без никаква јавна експозиција за неговите капацитети и политички определби во контекст на потребите на граѓаните. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Берово ќе трча Петар Ружински- актуелен претседател на општинскиот Совет во Берово кој што во изминатиот период наметна сериозно силна и нова енергија во јавноста во поглед на неговата комуникација и соработка со сите граѓани на Берово како и локалните стопанственици.

Од сите релевантни информации во јавноста може да се дојде до заклучок дека СДСМ како пред време да ја предале битката за градоначалничките функции во општините во Брегалничкиот регион а актуелните раководства во општинските организации се посветени на борба да обезбедат свое место на првите 3 места на советничките листи што би им гарантирало некаква локална функција за наредните 4 години.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace