БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ “гласно застанува зад лозарите”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на теренска прес конференција во амбиент на винова лоза во позадина беше кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Кавадарци Виктор Велевски.

“Лозарите ја почнаа бербата во неизвесност – без утврдена цена, без поддршка и без одговори од Владата.

ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на цедило, и покажа целосна негрижа за една од најважните извозни гранки во земјоделството и за целиот наш крај.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И покрај тоа што новиот Закон за вино, донесен во март 2024, јасно налага дека Министерството за земјоделство до 15 јули мора да ја утврди производната цена за смедеревката и вранецот, која треба да биде минимум 25% поголема од таа цена – тоа не е направено.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го прекрши законот и не ја исполни оваа обврска.

Државата има обврска да обезбеди откуп по таа цена – но токму државата не ги почитува своите закони. Наместо стабилност и фер услови, лозарите се приморани да продаваат под реална цена, што е директен удар врз егзистенцијата на илјадници семејства од Тиквешијата.

Ова е уште еден доказ за целосното непочитување на лозарите и нивниот труд од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот министер за земјоделство.

Па уште и се фали со „историска цена“ – зголемена едвај за 0,50 денари. Тоа е навреда за трудот на лозарите.

Почитувани лозари,

Како кандидат за градоначалник на Кавадарци, сакам да знаете дека јас сум вашиот сојузник, вашиот глас и силен поддржувач.
Вашиот труд мора да се цени, вие мора да бидете заштитени.

Вие Знаете што значи вистинска поддршка – СДСМ никогаш не ве остави сами, го донесе законот кој ве штити, ги зголеми субвенциите, откупните цени.

Ако ја добијам вашата доверба, Кавадарци ќе има градоначалник кој гласно ќе застане зад вас – за фер услови, исплатливо производство и локални мерки преку општината.”

-стои во интегралниот текст на прес конференцијата на Виктор Велевски од СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот