БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, организираше работилница на тема „Старите времиња во нови раце“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога се сака се’ се може. Речиси без никакви финансиски средства но со многу љубов, посветеност и огромна креативност вработените во ЈЛБ “Илинден” Делчево денеска спроведоа преубав настан за најмладите граѓани на Делчево. Станува збор за работилница на тема „Старите времиња во нови раце“ во која најмладите делчевчани имаа можност да се запознаат со автентични стари етнолошки елементи од едно некогашно домаќинство од регионот на Пијанец, како и да научат нешто повеќе за нивната функција во домаќинствата од нашиот крај кои што имале значајна улога во квалитетот на животот на нашите предци.

“ЈЛБ„Илинден“-Делчево, организираше работилница на тема „Старите времиња во нови раце“.Едукативна и креативна работилница за деца, на која најмладите имаа можност да се запознаат со предмети што биле составен дел од секојдневието во минатото-фурка, вретено, ѓум, чекрт, цедилка, аван, фута, решто, котле и други алатки и предмети кои денешните генерации ретко ги среќаваат.

Преку практично запознавање, раскажување приказни и интерактивни активности, децата научија како нашите баби и дедовци живееле, работеле и се забавувале во едно време без технологија, но полно со рачна умешност, традиција и заедништво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целта на оваа работилница беше да се негува културното наследство и да се разбуди љубопитноста кај децата за обичаите и животот на нивните предци.

На работилницата учествуваа 30 дечиња.

Библиотеката упатува благодарност до нив и нивните родители, за беспрекорната, веселата и креативната соработка.”

-стои во соопштението на Јавната локална библиотека “Илинден” од Делчево во врска со овој настан.

Фото извор: Фејсбук страница на ЈЛБ “Илинден” Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот