БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Канзас Сити гради мали куќи за бездомните ветерани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Канзас Сити одбива да ги остави своите ветерани на улица. Пред некколку години реши да им изгради бесплатни домови во посебна населба која ќе биде наменета само за бездомните ветерани кои служеле во армијата на САД во некоја од нивните воени акции по светот.

Приближно во овој американски град околу 40% од бездомните лица се ветерани, соред организацијата Национална коалиција на бездомни ветерани.

Приближно половината од нив страдаат од ментална болест поврзана со пострауматски стрес од воените дејства во кои земале учество. а дополнителни 50% од нив страдаат од зависности предизвикани од злоупотреба на супстанции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Додека владините служби се декларираат дека постојат за да им помогнат на ветерените во нивната реклиматизација во цивилниот живот, многу од овие луѓе пропаѓаат во пукнатините на американското општество.

Затоа граѓаните на Канзас Сити решија да ги земат работите во сопствени раце.

Со донации упатени кон мали непрофитни организации здружение во т.н. “Проект на заедницата за ветераните”, основани од пријатели ветерани, тие овозможуваат изградба на мали куќи за бездомни ветерани низ целиот округ на Канзас Сити.

Првото “Село за ветерани” неодамна беше изградено во самиот град. Маалото со околу 50-тина мали куќички им овозможува на ветераните совршено вклопување во заедницата а истовремено и нивна приватност за да се чувствуваат поврзано со остатокот од заедницата а истовремено да бидат безбедни.

Во центарот на нивната населба се наоѓа медицински центар каде што ветераните можат да добиваат бесплатна здравствена заштита од стручни медицински лица, како и посебен сервис за помош при наоѓање работа за ветераните. Овие куќи им се доделуваат на ветераните кои што се моментално бездомни за да им послужат како еден преоден центар се додека не застанат повторно на свои нозе. Обезбедено им е храна и намирници за секојдневен живот.

Повеќе сототина окрузи во Америка се заинтересирани за реплицирање на проектот, а следен ваков проект ќе биде реализиран во Нешвил, Тенеси.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace