Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во рамки на своите програмски определби води особена грижа за стандардот на учениците, средношколците и студентите. Како градоначалник во рамки на своите ингеренции Паунов објави финансиска поддршка за сите првачиња кои што ќе запишат прво одделение во Основното Општинско Училиште Страшо Пинџур, сите новозапишани средношколци од општината како и сите студенти од општината во износ од 3000 денари од општинскиот буџет.
Ваквата мерка е во насока на поддршка на стандардот на овие групи на граѓани-жители на Карбинци во рамки на нивниот образовен процес.
“Општина Карбинци доделува паричен надоместок од 3000 денари за сите:
– Новозапишани првачиња во О.У. Страшо Пинџур, Општина Карбинци.
Родителите на првачињата можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Карбинци заклучно со ден 30.09.2023 година.;
– Новозапишани средношколци од Општина Карбинци. Родителите на средношколците можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Карбинци заклучно со ден 30.09.2023 година.;
– Новозапишани студенти на државен факултет од Општина Карбинци. Студентите можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Карбинци заклучно со ден 15.11.2023 година.”
-информираше градоначалникот Паунов во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово