Во врска со поднесената кривична пријава против градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов од страна на полицијата на чело со Оливер Спасовски, градоначалникот Папазов упати соопштение до јавноста во кое укажува на факти поврзани со изборот на ВД директор на СОУ “”Гошо Викентиев од Кочани околу процедурата за негов избор. Притоа градоначалникот Папазов јавно упатува сомневање за мотивите за поднесената пријава против него.
“Во врска со поднесената кривична пријава, сакам да ја известам јавноста за следниве факти:
1. На ден 19.11.2021 добив писмена отставка од тогашниот директор на СОУ „Гошо Викентиев“ со бр. 08-2765/1. Во врска со истата донесов одлука бр.08-2765/2 од 03.12.2021 година за разрешување од функција на дотогашниот директор.
2. На ден 03.12.2021 година донесов одлука бр. 08-2765/3 за распишување на интерен оглас за вршител на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“. Во врска со оваа одлука беше објавен интерен оглас со бр.08-2765/4 со пропишаните услови за вршење на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“.
3. По објавениот интерен оглас до градоначалникот беше поднесена една пријава од редот на вработените во училиштето. Согласно поднесената пријава донесов одлука бр.08-2765/8 за назначување на в.д директор на Спирко Златков.
Ова е целата вистина во врска со назначувањето на директор и со обидите да се прави притисок врз работата на градоначалникот.
За крај сакам да прашам, дали ова е обид да се релативизира и сокрие пријавата од в.д директорот уште пред шест месеци во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето, блиски роднини на поранешен началник и сегашен инспектор во полицијата, за што сѐ уште ништо не е превземено од страна на МВР.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на градоначалникот Љупо Папазов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово