Високите температури го намалуваат апетитот, не истоштуваат, ни ја апсорбираат енергијата, а готвењето над жежок шпорет не претставува задоволство за никого. Ако барате лесен оброк со кој ќе внесете здрави калории, витамини и минерали, пробајте го овој течен оброк што ќе ве освежи, заштити и ќе ви помогне во борбата против килограмите. Уживајте во летото здрави, енергични и исполнети.
Потребни состојки:
- 2 раце спанаќ
- 70 грама капини
- 1 рака боровинки
- Половина краставица
- Неколку листови нане
- 1 лажица сок од лимон или портокал
Измијте ги разладените овошје и зеленчук. Капините и краставиците исечкајте ги и сите состојки ставете ги во блендер. Добро измешајте, а ако сакате постуден пијалак додајте и неколку коцки мраз.
Овој пијалак содржи железо, хранливи влакна, протеини, електролити, калиум, магнезиум, витамини К, А, Ц, Б1 и Б6, фолна киселина и флавоноиди.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Што значи Bajram Šerif Mubarek Olsun, а што значи Allah razi olsun?
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”