Најниската нето плата во јавното здравство пр. чистач, би изнесувала 27.158 денари и тоа би било зголемување од околу 82% во однос на 2020 година. Во 2020 година таа изнесувала 14.934 денари, во следната година 15.194 денари, па во 2022 година изнесува 18.000 денари. Во 2023 година се зголемува на 22.227 денари, за во ноември 2024 година да се направи најголемото зголемување на 24.732 денари, по што со мартовската плата би следело ново зголемување.
Тоа што е најзначајно најниската реална плата за тој период е зголемена за над 52% (тоа е зголемувањето од 82% намалено за инфлацијата од околу 30% за тој период).
Овој реален раст е со плата под бараната плата од ССМ. И да, убеден сум дека овој реален раст на најниските плати од 52% не е проследен со зголемување на продуктивноста.
Ова во контекст на протестите на синдикатите, но исто така денеска расправано во рамките на социјалниот дијалог во здравството, воден од Министерството за здравство, со учество на претставници на Гранковиот синдикат на ССМ и ССКЦ, како и Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Договорите во социјалниот дијалог мора да бидат засновани на факти и аргументи!
-фејсбук статус на Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните