Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин.
На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на посакувани термини.
На средбата беше договорено дека Министерството, заедно со Управата за електронско здравство остануваат отворени за натамошна соработка со претставниците на матичните лекари, здравствените установи и софтверските компании, со цел да се воспостави ефикасен и ефективен систем за термини.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово