БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клиниката Жан Митрев блокирана од страна на судската власт

Пренеси го гласот

По обајвувањето на скандалозната сторија од страна на новинарите на ИРЛ за делови од работата на клиниката Жан Митрев која што ја потресе целокупната Македонска јавност, една од најреномираните здравствени установи не само во Македонија туку и пошироко се наоѓа пред нов проблем.

Со решение на Кривичниот Суд е определено блокада на сметките на болницата, со што се тава во прашање нејзиното вршење на јавна дејност.

Од Клиниката Жан Митрев се обратија во јавноста со свое соопштение чиј текст во продолжение го пренесувае интегрално:

“Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.
Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравтсвена организација од јавен интерес.

Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.
Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затварање.
Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.
Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечна синхронизарано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.

Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев.
Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“ Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.
Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неодржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев.”

-стои во соопштението на Клиниката Жан Митрев упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот