Во текот на денешниот ден вработените на ЈП “Стипион” од Штип работеа на неколку локации во функција на подобрување на стандардот за живеење на граѓаните на Штип.
Екипи на јавното претпријатие работеше на уредување на
Тротоар во населбата Деснаци како и обезбедување на подобри услови за пешаците во населбата Баби преку уредување на
Тротоар во населбата Баби.
Повеќемина ангажирани службени лица исто така работеа на
Поставување и санација на сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје како и периферните населби каде има потреба за ваквите активности.
Ангажманот и посветеноста на ЈП “Стипион” во функција на граѓаните на Штип продолжува да се одвива со соодветна динамика согласно теренските услови за работа, а истата во иднина ќе се интензивира со подобрување на временските услови на терен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца