Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Шаманите веруваат дека менталното заболување е различно од теоријата во која верува остатокот од светот

Пренеси го гласот

Еден западноафрикански Шаман  – д-р Малидома Патрис Соме има различен поглед на менталната болест во споредба со онаа на луѓето во западниот свет, каде се фокусираме на патологијата и идејата дека однесувањето кое го манифестираат оние што се дијагностицирани со ваква состојба е нешто што треба да запре.

Д-р Соме предлага дека, она што го нарекуваме депресија, биполарна, психоза и шизофренија, можеби е извонредна трансформација во свеста и неизбежен чекор кон човечкиот развој.

Д-р Соме и луѓето од Дагара го поддржуваат шаманскиот поглед што сигнализира ментална болест како „раѓање на исцелител“. Тие веруваат дека ова лице е избрано како медиум за порака до заедницата. Она што Западните луѓе го сметаат за „ментална болест“, луѓето од Дагара го сметаат за „добра вест од другиот свет“.

„Менталното растројство, нарушување во однесувањето од секаков вид, го сигнализираат фактот дека две очигледно некомпатибилни енергии се споиле на истото поле“, вели д-р Соме. „Нарушувањата се резултат кога лицето не успее да добие помош во справувањето со присуството на енергија од духовното подрачје“.

По првата посета на д-р Соме на Соединетите Американски Држави во 1980 година, тој се соочи со тоа како земјата се справува со ментално заболување ширум земјите. Д-р Соме бил запрепастен кога забележал дека пациентите во психијатрискиот оддел ги покажуваат истите симптоми како оние што ги видел во неговото село.

„Така се третираат исцелителите кои се обидуваат да се родат во оваа култура. Каква загуба! Колку е загуба човек што конечно се усогласува со моќ од другиот свет, вие да го лечите” – истакнал Соме

Тој јасно и гласно го истакнал своето мислење,  дека Западот не е обучен како да се справи со постоењето на психички феномени и духовниот свет. Кога ќе се појават овие енергии, индивидуата, на која и недостасува капацитет да препознае што се случува, е означена како „луда“ и добиваат високи дози на анти-психотични лекови кои ја попречуваат духовната еволуција.

Шаманците можат да видат „ентитети“ или „суштества“ кои остануваат во присуство на овие лица. Врисокот и викањето што го изложувале пациентите во психијатриското одделение му сигнализирале на д-р Соме дека ентитетите се обидувале да ги ослободат лековите од нивните тела и нивната болка се зголемувала во тој процес.

Во традицијата Дагара, овие лица се сметаат за мост помеѓу физичкиот и духовниот свет и заедницата му помага на човекот да се помири со енергиите на двата света. Неуспехот да го стори тоа, го прекинува раѓањето на исцелител и го одржува првичното нарушување на енергијата.

Тој ја опишува шизофренијата како „примарност на проток на слики и информации, кои не можат да се контролираат“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com