Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придужуван со Генералниот секретар на владеачката партија Љупчо Николовски денеска биле на посета на општинската администрација во опшптина Виница.
Во отсуство на официјални информации за природата и целта на нивната посета на општинската администрација во Виница останува јавноста да шпекулира.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена до јавноста на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Виница во врска со оваа посета на Заев и Николовски на општинската администрација:
“Која била целта на највисоките партиски ликови на партијата на власт во отсуство на официјално соопштение Денес бевме сведоци на класична злоупотреба на институциите на општина Виница во служба на партијата на власт.
Имено, денес поранешниот премиер Зоран Заев придружуван од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски беа во посета на општина Виница терајќи партиски активности во општинската зграда за време кога градоначалникот и општинската администрација треба да ги извршуваат работните обврски за кои се платени од граѓаните.
Јавно го прашуваме градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров дали мнозинството граѓани на општина Виница во 2017-та година му ја дадоа поддршката за тој во неговото работно време да извршува партиски задачи по налог на Зоран Заев или треба за време на неговиот работен ден да работи во интерес на сите граѓани на општина Виница.
Дополнително го прашуваме градоначалникот Ивица Димитров дали неговиот претседател ги виде новиот булевар на влезот во Виница, браната на река Сушица, кружниот тек кај кафе бар Гала, затворениот градски пазар, реновираниот Пензионерски дом, намалените сметки за вода за 30%, Домот за стари лица во Блатец, намалените такси за користење на јавна површина, патот Градец-Лисец, уреденото речно корито на Градечка река во делот кој поминува низ Виница и уште стотина нереализирани пректи кои ги вети на граѓаните на општина Виница.
Почитувани,
Ова е вистинското лице на СДСМ, партијата која во опозиција обвинуваше за спојување на државата со партијата, сега на очиглед на целата Виничка јавност на најбрутален начин ги користи општинските и државните институции во интерес на партијата.
За крај им порачуваме дека само уште 50 денови ги делат од казната која граѓаните на Република Македонија ќе им ја испорачаат на 12-ти април за сите лаги, нереализирани ветувања, кримнални скандали и рекети на дневна основа, за сите национални предавства и понижувања овие 3 години.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари