Пополека привршува мандатот на актуелниот парламентарен состав. Во периодот што следува до изборите редно е граѓаните на Република Македонија да си помислат дали очекувањата кои што ги ветуваа на парламентарните избори во 2020 година кандидатите за пратеници, се исполнети и во колкава мера?
Дали Македонија после 4 години владеење на СДСМ, ДУИ и останатите помали сателит партии кои што го сочинуваат парламентарното мнозинство кое што ја гласаше Владата на Димитар Ковачевски, е подобро место за живеење?
Одговорот на овие прашање е комплексен и сигурно секој граѓанин има свое различно мислење и впечаток за раб отата на актуелната влада на централно ниво во државата.
Одговорите на овие прашања се исто така клучни за расположението и исходот на наредните парламентарни избори закажани за 8 мај 2024 година.
Затоа во овие неполни пет месеци кои ретстојат секој граѓанин треба да си формира свој став за да одлучи во која насока ќе се движи Република Македониа во наредните 4 години.
Лицата на овие пратеници кои се дел од владеачкото мнозинство сигурно многу ќе допринесат за формирањето на ставот на секој граѓанин, затоа (што се вели народски) ѓи оставаме да блескаат на нашиот портал до изборите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст