БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој му ги доставил доверливите информации на Самараков, праша денеска пратеникот Миле Талески од СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Македонскиот парламент пратеникот од СДСМ Миле Талески упати прашање кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за скандалот на бодигардот на Премиерот Христијан Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст од прашањето:

Моето трето прашање е поврзано со криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како оддава доверливи информации. Со докази, со видео, слики. Фатен жив.

Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање кое вака лебди во јавноста.

Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија.

А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци, јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога.

Овие инциденти министре отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.

На неговото ниво, во структурата на МВР, тој немал пристап до таков вид на информации, значи морало да има некој што има пристап, за да му ги даде.

Затоа, Ви ги поставувам следното прашање:

Кој му ги доставил доверливите информации на лицето Ангел Самараков?

Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи на лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи.

Затоа што ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна, или заробена од мафијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот