БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Коњски скок” или “Магарешки инает”

Пренеси го гласот

Еден од главните медиумски мегафони на СДСМ и на централната власт во државата под нивна контрола и контрола на ДУИ, пред некој ден пласираше теза во јавноста дека нивното владеење било дел од некаква разузнувачка операција која овој мегафон ја нарече “Коњски скок”.

На ваквата небулоза која што има за цел пролонгирање на целокупната агонија во државата која постојано тоне кон распад под под ударот на штетната власт на СДСМ и ДУИ, се налепија неколкумина луѓе/правни субјекти во државата кои што на свој начин со имаат своја поврзаност со СДСМ и актуелната влада.

Така накратко пораката која што овој (според негови лични зборови) ДАГАУ новинар ја пласираше во јавноста се однесува на таканаречен меѓудржавен заговор на повеќе европски држави против актуелната влада во Македонија. И редовно во континуитет овој “канта тропа” пропагатор заборава да каже дека станува збор за влада која го промени насилно и противзаконски името на државата и го однесе народот на питачки стап, под постојана закана за голиот егзистенцијалиам, здравје и безбедност.

Ваквиот хевталица муабет требаше да ги залепи под превезот на неговиот обид за дефокус на јавноста сите глупости на најнеспособната и најштетна влада во современото постоење на Македонија. Но веројатно најаден и напиен во изобилие, овој пропагатор на демагогија заборава дека народот секојдневно на своја кожа ги чувствува гладот и сиромаштијата- сите катастрофални последици на владеењето на СДСМ и ДУИ, па создава кај себе илузија дека има уште некој кој му верува на неговите глупости и патетика.

Наспроти драматичната неспособност на актуелната влада, криминалот и корупцијата кои се присутни во сите пори на животот на Македонските граѓани, наместо да бара излез со неговото т.н. аналитичко новинарство, тој се обидува да изнајде начин како барем за некој ден повеќе да го пролонгира владеењето на СДСМ и ДУИ во државата.

Ваквата изместеност на релевентност и погазена борба за подобар јавен интерес и служба на јавноста, може да има многу едноставно објаснување: Или станува збор за “Магарешки инает” или за доказ дека корумпираноста има зафатено многу пошироки размери од она што некои се обидуваат да ги прикажат.

bregalnickimarketing

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот